Пјаниќ одлета за Торино: „Враќање на работните обврски“

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ одлета за Торино. Италијанскиот првак Јувентус најави дека странците ќе мораат да се вратат во Италија и по задолжителниот 14-дневен карантин да му се стават на располагање на тренерот Маурицио Сари. Ова е потврда дека сепак првенството во Италија ќе продолжи кон крајот на мај.

„Враќање на работните обврски“, напиша Пјаниќ на Инстаграм објавувајќи фотографии пред летот за Торино.

Тој во наредните две седмици ќе биде во карантин во хотелот во базата на Јувентус, каде ќе одработува индивидуални тренинзи, а по ова се очекува клубовите да добијат и дозвола да почнат со групни тренинзи пред продолжението на шампионатот во Серија А.

Се вчитува...