Плати пари и решен проблем – Јовиќ се спаси од затвор

Лука Јовиќ се спаси од затворска казна во Србија откако постигна спогодба со обвинителството во судскиот случај против него за прекршување на законите за самоизолација во периодот на вонредна состојба.

Голгетерот на Реал Мадрид најпрвин одбиваше да плати парична казна, но откако беше покренато обвинение за кое е предвидена затворска казна до пет години, српскиот репрезентативец се премисли и се согласи на исплата на 3,5 милиони динари во хуманитарни цели.

Во српскиот закон за одредени случаи постои можност за „одложено кривично гонење“ (народски кажано – пари за слобода)„ со плаќање на значителни суми, опција што Јовиќ реши да ја активира плаќајќи ја сумата што обвинителството ја побара.

Еден проблем е решен, сега останува уште Лука Јовиќ да го пронајде голгетерскиот инстинкт што го загуби по трансферот од Ајнтрахт во Реал Мадрид, со што прерасна во едно од најголемите промашувања во историјата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...