Плавшиќ проговоре за можниот трансфер во Црвена Звезда: Убаво е тоа, но…

Небојша Човиќ со изјава за потенцијалните трансфери за следната сезона го привлече вниманието на кошаркарската јавност. Претседателот на Црвена Звезда како една од желбите го наведе името на центарот на Мега, Урош Плавшиќ кој блеска оваа сезона.

Дваесетипетгодишниот Србин по колеџ кариерата се врати назад во Србија, а вчера го предводеше „малиот голем клуб“ до историски, прв триумф токму против потенцијалниот следен клуб со дабл-дабл учинок од 16 поени и 12 скокови. Едно од прашањата кои ги доби по крајот на средбата беше поврзано и со транфер во „црвено-белите“ редови.

„Убаво е да слушнете нешто такво, но јас сум играч на Мега. Ќе видиме на крајот на сезоната“, изјави Плавшиќ.

Српскиот центар во АБА лигата оваа сезона бележи просек од 16.0 поени и 7.6 скокови со што е еден од претендентите за МВП награда.

Се вчитува...