По 10 години Леброн со „трипл-дабл хет-трик“, феноменалниот Оладипо

Кливленд ја запиша и 13-та победа во последните 14 дуели, а Леброн Џејмс запиша трет едноподруго „трипл-дабл“ во триумфот на гостувањето против Вашингтон од 106-99.

Првпат по 2008 година, „Кралот“ врза три „трипл-дабла“ за јубилеен 60-ти во кариерата. Овој пат со 20 поени, 15 асистенции и 12 скока.

Најефикасен во редовите на победникот беше Кевин Лав со 25 поени и 9 скока, Џеф Грин дополни со 15 поени, а Кајл Корвер запиша 11 поени.Индијана беше успешна на гостувањето против Бруклин победувајќи без поголеми проблеми со 97-109. Нова одлична партија пружи Виктор Оладипо со 26 поени, 7 скока и 3 асистенции. Се истакна и Домантас Сабонис со 17 поени и 8 скока, односно Кори Џозеф со 15 поени.

Во редовите на Бруклин најрасположен за игра беше Лана Креб со 17 поени, а Ејси, Херис и Леверт постигнаа по 14 поени.

Торонто славеше на домашен терен против Сакраменто со 109-93, на мечот во кој победничкиот тим беше предводен од Демар Дерозан со 21 поен и пет асистенции, додека Кајл Лаури запиша 16 поени.

Во поразениот состав, српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ за 28 минути игра постигна 18 поени, дополнети и со 5 асистенции и три скока.

Се вчитува...