По Алвеш, Барса подготвува да врати уште еден играч

Дани Алвеш пред неколку дена и официјално се врати во Барселона. Со тоа стигна и првото засилување во ерата на Чави. Алвеш играше заедно со новиот тренер на Барселона, а на пат е уште еден таков трансфер.

Според шпанските медиуми, во јануари Барса ќе се обиде да го врати Тиаго Алкантара. Алкантара во моментов е играч на Ливерпул, но повеќе е надвор, отколку на теренот, и затоа се споменува враќање на „Камп Ноу“. Особено што сега на Барса и се потребни играчи за да ја исполни целта во Ла Лига.

Алкантара исто така играше со Чави во Барселона. Тој го носеше дресот на каталонскиот тим од 2005 до 2013 година, потоа замина во Баерн Минхен каде играше до 2020 година, кога замина на „Енфилд“.

Се вчитува...