По дебаклот на Арсенал, вратени 30.000 влезници за реваншот со Баерн

Стадионот „Емирати“ познат по најскапите влезници во Англија, за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Баерн на 7 март беше распродаден, а сите 60.000 места зафатени. Но, ситуацијата драстично се смени по катастрофалниот пораз од 5-1 што го доживеа Арсенал на првиот меч во Минхен.

Пред натпреварот „Емирати“ светеше во „црвено“ при обидите преку интернет да се купи влезница за реваншот, што покажуваше дека нема ниедно слободно место.

arsenal 2

Но, само 18 минути откако судијата Милорад Маџиќ означи крај на маките на Арсенал во Минхен, делови на трибините во он-лајн продажбата на влезници почнуваа да пожолтуваат што значеше дека се ослободуваат места, повеќето во горниот дел на трибините.

За половина час, веќе имаше слободни места на секој влез на горниот дел.

arsenal 3

Еден час по завршувањето на натпреварот, влезниците кои претходно беше невозможно да се купат, сега беа расположливи речиси за сите сектори на стадионот.

arsenal4

Во „црвено“ останаа само трибините со резервирани влезници за гостинските навивачи, ложите и дел од трибините на кој седат купувачите на годишни влезници со мали деца.

arsenal 5

Според информациите во англиските медиуми, на “Емирати“ се откажани околу 30.000 влезнции за реваншот со Баерн. Навивачите на Арсенал со овој потег го искажаа својот револт и испратија јасна порака што мислат за срамната игра на својот тим.

Се вчитува...