По една дилема во Милан и Интер – Дали да играат Лукаку и Ибра?

Милан ќе биде „домаќин“ на Интер од 15 часот во големо градско дерби. „Нероаѕурите“ и “росонерите’ ги заземаат првите две позиции во Италија и ги дели само еден бод на табелата, па ова е многу важен натпревар. Пеколното миланско дерби, фановите го очекуваат со нетрпение, особено новиот судир кој им претстои на Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ, кои неодамна имаа вербална и физичка пресметка во Купот.

Дуелот помеѓу напаѓачите на Интер и Милан продолжи после натпреварот, па овој жесток судир ги става во дилема тренерите на двата милански клуба, дали со нивно влегување во игра од првите минути, овие двајца фудбалери можат да предизвикаат нов скандал, црвени картони и пеколен натпревар, кој дефинитивно никој не го посакува.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не може да смета на повредените Манџукиќ и Бенакер, но се врати Брахим Дијаз, кој ќе биде на клупата. Единствената дилема е дали Анте Ребиќ ќе стартува или Рафаел Леао. Што се однесува до Интер, Антонио Конте е во дилема дали да го започне натпреварот со Кристијан Ериксен или Артур Видал. Овие се различни типови на играчи, би имало одредени тактички промени во самата формација.

Интер доколку победи има добри шанси да се „одлепи“ и конечно да зачекори кон Скудетото, Милан пак, ќе се обиде да го задржи моменталното заостанување или во најдобар случај со победа да се врати на првото место.

Се вчитува...