По Кил, Фленсбург го „преслуша“ и Магдебург

Ракометарите на Фленсбург стигнаа до голема победа на гостувањето кај Магдебург од 29-32 во дербито на 24. коло во германската Бундеслига. По минатонеделниот триумф над Кил избраниците на Мајк Махула го совладаа и вториот конкурент во борбата за титулата.

Првото полувреме помина во израмнета игра, а гостите по 30. минути имаа минимална предност од 17-18. Во вториот дел се играше гол за гол се до последните десет минути кога Фленсбург се одлепи и успеа да стигне до нов значаен триумф.

Гола и Менса-Ларсен со по осум гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените се истакна О’Саливен со седум гола.

 

 

 

Се вчитува...