По мечот со Пелистер, крај на сезоната за Ивановски од Брера

Струмичка АП Брера ќе биде без услугите на еден од своите стандардни првотимци, Зоран Ивановски, до крајот на актуелната сезона.

Сезоната предвреме заврши за Ивановски откако заработи повреда на ребрета по судирот со голманот на Пелистер на неодамнешниот првенствен дуел со битолчани во Струмица.

„Му даваме целосна поддршка и му посакуваме брзо закрепнување“ – порачаа од АП Брера.

Се вчитува...