Борусија Дортмунд има очајна сезона во Бундеслигата. Тимот на „милионерите“ се далеку од местата од Европа, и најверојатно следниот шампионат ќе играат само во домашното првенство. Треба да се случи чудо па тимот да ја освои Лигата на шампионите, за да се најде и идната сезона меѓу „елитата“ во Европа.
Екипата веќе смени тренер, но и со новиот Нико Ковач не им оди баш најдобро. Поразот од Аугзбург на домашен терен ја прели чашата кај раководството, па се подготвува огромен ремонт.
Некои играчи веќе сами изразиле желба да заминат, со оглед дека нема да играат во ЛШ идната сезона. Еден од тие е голманот Грегор Кобел кој идното лето би можел да биде продаден во друг клуб. Како најсериозен кандидат се споменува Челси.
Борусија Дортмунд можно е да ги продаде и Никлас Зиле, Емре Џан, Џовани Рејна, а се најавува заминување и на Јулијан Бранд. За Нико Шлотербек има интерес од Ливерпул, а сигурно заминуваат Себастијан Халер, Јусуфа Мукоко и Салих Озчан. Халер и Мукоко се на позајмици, додека Озчан исто така беше на позајмица, но се врати во зимскиот предоен рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА