По разделбата со Работнички, Достаниќ на клупата на црногорска Зета

По разделбата со Работнички, српскиот стратег Ратко Достаниќ брзо пронајде нов ангажман. Искусниот Србин до крајот на сезоната ќе го води црногорскиот прволигаш Зета од Голубовац.

Зета есенскиот дел од сезоната го заврши на петтото место, а амбициите за пролетниот дел се европски излез.

Поранешниот стратег на Црвена Звезда кој со „црвено-белите“ во сезоната 2009/10 дојде до трофејот во Купот на Србија, ќе има сериозен предизвик да обезбеди европска сцена со Зета.

 

Се вчитува...