По рецептот на Јуве: Барселона одбра три стопери, но кој ќе ја одбере неа?

Барселона рецептот „пазари без обесштетување“ кој беше заштитен знак на Јувентус ќе го искористи и ова лето. Како потсетување, каталонците претходната година на овој начин во своите редови ги доведе Агуеро, Депај и Гарсија, а овој пат ќе тргне по три стопери.

Станува збор за фудбалерите на Челси, Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен кои веќе подолго се трансфер цел на каталонските гиганти, а на овој список се приклучи и дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Зуле кој според последните информации од Германија, нема го продолжи договорот со Баерн Минхен во потрага по смена на средината.

Останува да видиме кој од нив ќе ја одбере Барселона доколку се земе во обѕир статусот на младиот тим на Чави во моментот. Барселона беше елиминирана во групната фаза од Лигата на Шампионите, а во Ла Лига ја очекува тешка битка за изборување на место во најсилното фудбалско натпреварување следната сезона.

Се вчитува...