По тројцата Американци, Струмица се засили и со Арсоски

Прволигашот Струмица продолжува со засилувањата за новата натпреварувачка сезона, па по американските засилувања договори ангажман и на младиот Михајло Арсоски.

22-годишниот Арсоски, по две сезони минати во АВ Охрид, сега се сели во Струмица. Младиот центар минатата сезона одигра 18 натпревари за „галебите” и имаше скромен просек од 1.3 поени и еден скок по натпревар. Арсовски има настапи и за младата селекција на Македонија.

Претходно, како што е познато, Струмица се засили и со тројца Американци, Тајлер Дил, Рантавиус Гилберт и Џервон Џексон.

Се вчитува...