Победа или Шкупи – кој до директен опстанок во Првата лига!?

Победа или Шкупи со директен опстанок во прволигашката конкуренција и за следната сезона!? Ова е единствената непозната во елитниот домашен фудбал на две кола пред крајот на шампионатот.

Токму затоа и фокусот во денешното 35-то, претпоследно, коло во Првата македонската фудбалска лига ќе биде кон двата дуели на кои за бодови ќе се борат Победа и Шкупи. Прилепчани гостуваат на Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Победа уште денеска може да го прослави прволигашкиот опстанок, доколку слави против „романтичарите“, а Шкупи загуби или ремизира на гостувањето против Силекс во Кратово.

„Не очекува клучен натпревар од кој ни треба барем еден бод од овој несомнено тежок дуел. Против себе ќе имаме за противник екипа која е меѓу водечките во нашето првенство и која игра допадлив фудбал. За нас е добро што сме влезени во победнички ритам од неколку натпревари и искрено се надевам на позитивен резултат од ова гостување во Скопје“ – вели шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски.

Но, и од таборот на Шкупи најавуваат атака на победа во Кратово како би се оставило последното коло да одлучува околу тоа кој ќе обезбеди директен опстанок во лигата, а кој ќе мора да игра бараж.

Како што е познато од претходно, во Втората лига се селат Македонија ЃП и Брегалница.

ДВОЈКИ – 35. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

ТАБЕЛА: Вардар 79 бода, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македонија ЃП 19 бода.

Се вчитува...