Победа на Лазаров и Нант за крај на сезоната

Кире Лазаров и Нант имаа триумфирален крај на сезоната во француското првенство откако вечерва во последното коло славеа на гостувањето против Данкерк со резултат 25-28.

Ланскиот европски вицепрвак имаше сериозен пад во формата пред околу еден месец, поради што ја загуби трката за место во ЛШ, па сезоната ја заврши на четвртата позиција, зад ПСЖ, Монпелје и Шамбери. Што се однесува до вечерашниот последен меч, Нант на полувреме имаше водство од 12-14, по што умешно ја одржа предноста до самиот крај.

Кире Лазаров го заврши натпреварот со четири гола и една асистенција, а најефикасни во таборот на Нант беа Балагер и Турнар со по пет погодоци.

Тренерот Тиери Анти на крајоот од сезонава си заминува од клупата на Нант и се сели во Португалија, на чело на екипата на Спортинг Лисабон.

Се вчитува...