Ливерпул триумфираше со 0-3 на гостувањето кај Лидс во 4. коло од Премиер-лигата, но во сенка на тешката повреда која ја заработи младиот фудбалер на „црвените“ Харви Елиот. Мохамед Салах донесе водство за гостите со својот 100 гол во Премиер-лигата, на 0-2 зголеми Фабињо, додека конечните 0-3 ги постави Мане.
Сепак, цел натпревар помина во сенка на страшната повреда на младиот Харви Елиот кој доживеа скршеница на ногата по „убиствениот“ старт на Струик по кој играчот на Лидс доби директен црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА