Победничка фотка со порака од Пандев: Благодарам на сите што дојдовте да не поддржите

Најдобрите македонски фудбалери редат победи. Се радува нацијата, се „билда“ победничкиот дух, а сонот е преку Лигата на нации да се избори историски пласман на Европско првенство.

По триумфот, фудбалерите се одјавија со победничка фотка, и со порака од капитенот Горан Пандев, испратена преку неговиот профил на Инстаграм.

„Браво момци секоја чест!!! Благодарам на сите што дојдовте да не поддржите, оваа репрезентација го заслужува ова! Поздрав до следниот месец! Македонија“, напиша Пандев.

Bravo momci sekoja cest!!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Blagodaram na site sto dojdovte da ne podrzite , ovaa reprezentacija go zasluzuva ova! Pozdrav do sledniot mesec! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 #Macedonia

Се вчитува...