Почина Франциско Генто, легенда на Реал Мадрид и единствен со шест титули европски првак

Тажна вест пристигна од Шпанија. На 89-годишна возраст почина Франциско Генто, човек кој што мина 18 години во Реал Мадрид и кој беше прогласен за најголем шпански фудбалер на 20-тиот век. Генто е единствениот фудбалер во светот кој што има освоено шест титули Лига на шампиони.

Генто беше прогласен за почесен претседател на Реал Мадрид, после смртта на Алфредо ди Стефано 2014 година. Беше член на генерацијата која направи неверојатен подвиг освојувајќи пет титули по ред во Купот на шампионите од 1956 до 1960 година.

Меѓународниот Институт за статистика го прогласил Генто за најголем фудбалер на 20. век и 30-ти најголем фудбалер во Светот. Настапуваше и 43 пати за Шпанија на Мундијалите во 1962 и 1966.

Се вчитува...