Почина легендарниот ракометен тренер Вук Рогановиќ

По тешка и сериозна болест, легендарниот ракометен тренер Вук Рогановиќ почина денес на 77-годишна возраст. Рогановиќ е роден на 4 ноември 1945 година, а во тренерската кариера која траеше 44 години, тој освои 24 трофеи со 26 клубови.

Рогановиќ ја започна својата играчка кариера во Младишта од Земун, играше на позицијата лев бек и се одликуваше со одлична игра скок-шут. Играше за Динамо од Панчево, за Црвенка, а во странство играше во Шведска и Белгија, каде ја заврши ракометната и ја започна својата тренерска кариера.

Вук помина десет години како тренер во Белгија, каде работеше во неколку клубови и беше селектор на репрезентацијата. Во Србија се врати во 1980 година, најпрво во Црвенка, а потоа и во ЖРК Раднички.

Во периодот од 1995 до 1996 година беше селектор на женската репрезентација на Југославија.

Се вчитува...