Почина претседателот на Европската атлетска федерација

Претседателот на Европската атлетска федерација Свен Арне Хансен почина во 74 година од животот, откако претрпе мозочен удар по кој не успеа да се опорави. Арне Хансен како 5. претседател на Европската Атлетика беше избран во 2015 година, а оттогаш на нејзино чело беше во три мандати.

Атлетската федерацијата на Македонија упати сочувство до семејството за смртта на Претседателот на Европската Атлетска Федерација Свен Арне Хансен .

„Како колега, тој беше голем поддржувач на Македонската атлетика и голема инспирација за сите нас. Тој беше духовит и остроумен говорник кој ќе ни недостасува засекогаш. Имавме чест во два наврати да присуствува и во Македонија покажувајки ја својата посветеност и поддршката која ја оддаваше до сите атлетски работници за нивните заложби, труд и посветеност кои резултираа со доделување на натпревари од Европскиот календар на Атлетската федерација на Македонија за кое неизмерно сме му благодарни“, стои во соопштението на Атлетската федерација на Македонија. 

 

Се вчитува...