Почина првиот Џејмс Бонд, легендарниот шкотски актер, Сер Шон Конери во 90 година од животот. Причината за неговата смрт се уште не е позната. Покрај Бонд сними уште плејада неверојатни филмови во кариерата, а во 1987 година доби оскар за споредна улога за филмот „Недопирливите“.
Покрај љубовта кон неговата примарна професија, Конери беше голем љубител на спортот. Во текот на целиот живот уживаше во тенисот, а беше и голем фан на неговиот сонародник Енди Мареј. Многу често знаеше да се појави на терените на Вимблдон и УС опен како би му дал поддршка на Шкотот.
Помалку познат факт е дека Конери пред актерската кариера за малку можел да стане фудбалер на еден од најголемите клубови во светот, Манчестер јунајтед. Сер Мат Бизби во педесеттите години на минатиот век му нудел договор во Јунајтед, но тој одбил да стане фудбалер бидејќи верувал дека глумата носи подолга кариера од фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА