Почина тренерот на Јагодина кого го погоди гром на тренинг

Почина Стефан Павловиќ, тренерот на младинските категории на српскиот суперлигаш Јагодина кого пред една недела го погоди гром за време на тренинг на најмладите категории во клубот.

29-годишниот Павловиќ, по седумдневна битка за живот, синоќа починал во Воено-медицинската академија во Белград.

Како што е познато, младиот тренер по добиените повреди за време на тренингот веднаш бил префрлен во болницата во Јагодина но веќе клинички мртов. По само еден час е префрлен во ВМА во Белград, но не успеа да се избори за живот.

Се вчитува...