Почна и АБА: Црвена звезда победи пред Ѓоковиќ, Олимпија го реши Морнар

Со денешниот натпревар меѓу Унион Олимпија и Морнар и официјално стартуваше новата сезона во АБА-лигата, меч во кој словенечкиот клуб неочекувано лесно го зеде скалпот на најпријатнто изненадување од ланскиот шампионат (87-66). Олимпија доминираше од самиот почеток, ја доби првата четвртина со двоцифрени 25-14 со цврста одбрана не им дозволи на гостите од Црна Гора да влезат во ритам и на крајот славеше со 21 поен разлика.

Блаж Месичек со 16 поени и седум асистенции беше клучна фигура во победничкиот тим, заедно со центарот Бегиќ кој исто така реализираше 16 поени. Прв стрелец на Морнар при денешниот пораз беше Врањеш со 12 поени, но и очаен шут од поле 4/13.

Црвена звезда со рутинска игра славеше над Цибона со 78-68, меч во кој победникот воопшто не беше доведен во прашање. На трибините во салата „Александар Николиќ“ се најде и тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, пред кого неговите миленици се покажаа во добро светло и стигнаа до лесна победа. Рагланд беше најдобар поединец на натпреварот со 22 поени и седум асистенции.

Се вчитува...