Почна пеколот за Донарума – Навивачите фрлаа пари зад него на ЕП во Полска

Италија славеше со 2-0 на премиерниот меч на ЕП за млади против селекцијата на Данска, но триумфот остана во сенка на инцидентот откако неколку навивачи на „аѕурите“ фрлија лажни пари зад грбот на Џанлуиџи Донарума.

Порака е и повеќе од јасна – голманот што во желба повеќе да заработи е подготвен да си замине од Милан од миленик стана „душман“ на фановите на „росонерите“, кои стигнаа пораката до него да ја испратат и среде Полска, за време на Европското Првенство за играчи до 21 година.

Се вчитува...