Почнува судењето против Карим Бензема, му се заканува пет години затвор

Репрезентативецот на Франција Карим Бензема, задутре ќе мора да се појави на суд поради изнуда која се случила во 2015 година.

Бензема е обвинет дека во 2015 година со уште четири лица, го уценувал соиграчот од репрезентацијата Матие Валбуена, за Валбуена да плаќа големи суми на пари, за приказната да не заврши во јавност. Доколку биде прогласен за виновен, Бензема може да се соочи со пет години затвор.

Поради оваа ситуација, Бензема долго време не беше во репрезентацијата на Франција, се до ЕП оваа година кога беше вратен.

Се вчитува...