Подолски го напушти Галатасарај, се сели во Јапонија

Лукас Подолски става крај на својата авантура во Галатасарај и својата кариера ја продолжува во далечната Јапонија откако раководството на Висел Кобе постигнало договор со турскиот гигант околу висината на отштетата за искусниот германски интернационалец. Турскиот весник „Хуријет“ објави дека раководството на Галата одбило две понуди, пред денеска и официјално да ја прифати понудата вредна 2,5 милиони евра.

Германецот денеска ќе се поздрави со соиграчите, а во следните денови ќе отпатува за Јапонија, каде ќе ја има промоцијата во новиот клуб. Кобе му понудил на Подолски тригодишен договор вреден 15 милиони евра, со што овој голгетер ќе биде меѓу најплатените фудбалери во оваа земја.

Подолски беше член на Галатасарај уште од 2015 година, доаѓајќи од редовите на Арсенал откако претходно мина шест месеци и на позајмица во Интер.

Се вчитува...