Поезија на „Фуријата“, тргна од центар и со 26 допири со топката им даде гол на Хрватите (ВИДЕО)

Актуелниот светски и европски шампион Шпанија славеше со 4:1 над Хрватска во второто коло во Лигата на нации и уште еднаш покажа зошто доминира на фудбалските терени.

Резултатот беше отворен уште во втората минута, односно во првиот напад на „фуријата“ кој беше фантастичен. Топката тргна од центарот и по 26 контакти меѓу шпанските фудбалери, Ламин Јамал го отвори резултатот. Првиот контакт на Хрватите со топката беше кога голманот Доминик Ливаковиќ ја вадеше од сопствената мрежа. Голот на Шпанија за 1:0 може да го видите ТУКА.

Хрватите откако се созедоа од почетниот шок успеаја да дојдат до израмнување и тоа во 28-та минута благодарение на голот на Бељо.
Но, само три минути подоцна, Шпанците го вратија водството со голот на Пубил, за во второто полувреме да биде потврдена победата со два гола.

Прво, во 63-та минута Јамал го постигна својот втор гол на натпреварот, а во финишот, Нико Вилијамс ја завери убедливата победа.

Англија ја оправда фаворитската улога во Прага и со 2:0 ја совлада Чешка. Работата на Англичаните им беше олеснета уште во 25-та минута кога Шулц заработи црвен картон. Предноста од играч повеќе беше крунисана во второто полувреме, прво во 47-та минута Ентони Гордон го отвори резултатот, а Хари Кејн во 69-та минута го постави конечниот резултат.

Во дивизијата Б, Швајцарија ја оствари втората победа во групата 1 во која е и Македонија. Швајцарците со убедливи 0:3 славеа на гости против Шкотска.

Се вчитува...