Погба го пропушта дербито со Ливерпул

Пол Погба нема да може да настапи на големото дерби против Ливерпул наредниот викенд откако беше утрдено дека повредата што францускиот ас ја влече извесно време воопшто не е наивна. Погба ја искористи репрезентативната пауза за пат во Дубаи на специјални третмани, но ниту тие не го дале посакуваниот резултат.

Неговото враќање во Манчестер се очекува кон средината на следната седмица, но кај „црвените ѓаволи“ владее загриженост дека тој нема да може да се врати најмалку до крајот на октомври. Во ситуација кога тимот мора да почне да победува што поскоро, повредата на најскапиот фудбалер дефинитивно е голема главоболка за Оле Гунар Солскјер.

Неизвесно е дали Солскјер за дербито со Ливерпул ќе може да смета на Антони Марсијал, кој исто така е повреден подолго време.

Се вчитува...