Погба им се извинуваше на навивачите, тие го навредуваа (видео)

Манчестер Јунајтед катастрофално ја финишираше сезоната, во последното коло загуби на домашен терен од испаднатиот Кардиф, а навивачите по мечот бесот го истурија врз Пол Погба.

Французинот со дел од соиграчите чекаше на теренот кога група навивачи почнаа да упатуваат навреди на негова адреса. Погба најпрвин им се извини за слабата партија против Кардиф, но кога навредите станаа пожестоки тој се упати кон соблекувалната.

Не е тајна дека Пол Погба сериозно размислува за заминување од Манчестер Јунајтед, а овој инцидент може само да го забрза целиот процес на негова преселба во Реал Мадрид.

Се вчитува...