Погба: Канте премногу лаже, но не можете да мразите таков човек

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, проговори за својот сонародник Н’Гол Канте за кој кажа дека знае често да лаже. Погба и Канте играат заедно за репрезентацијата на Франција и се многу добри пријатели иако се жестоки ривали кога ќе се сретнат на „Олд Трафорд“ или „Стемфорд Бриџ“ во различни дресови.

Канте е познат по својата скромност, па сите го обожаваат за тоа, а Погба кој особено го познава својот колега, кажа дека тивкиот и повлечен Французин „изневерува и лаже многу“ надвор од теренот.

“Премногу лаже. На карти, во игри на табла. Искрено, тој многу изневерува. Тој е лукав и паметен човек. Но, не можете да го мразите, тој е токму таков. Тој е најсаканиот фудбалер во историјата на фудбалот. Мора да го сакате, не можете да го мразите, тоа не е можно”, ја пофали Погба ѕвездата на Челси.

Погба се уште се соочува со неизвесна иднина по оваа сезона бидејќи неговиот договор со „Олд Трафорд“ истекува, додека Канте дефинитивно ќе го гледаме и следната сезона во Челси. Двајцата беа светски шампиони со Франција во 2018 година, а Канте во моментов се подготвува за еден од најважните натпревари во својата кариера – финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Натпреварот се игра на 27 мај, само две недели пред почетокот на Европското првенство.

Се вчитува...