Погба: Мојата иднина во Манчестер Јунајтед е неизвесна

Пол Погба повторно наговести дека би можел да си замине од Манчестер Јунајтед. По триумфот на неговиот тим над Челси во стартното коло од Премиер-лигата, Погба потенцираше дека додека е на терен ќе дава се за клубот, но оти не е сигурен дека сезонава ќе остане на „Олд Трафорд“.

„Знам дека многу се зборуваше последниве месеци. Времето ќе покаже. Мојата иднина е под голем знак прашалник. Засега сум во Манчестер Јунајтед“ – изјави Погба.

Тој во јуни рече дека би сакал да проба нешто ново. Во игра беа трансфери во Јувентус и во Реал Мадрид. Манчестер Јунајтед ја одби понудата од Реал од 30 милион евра плус Хамес Родригез.

Погба може да направи трансфер до 2 септември до кога трае преодниот рок во останатите големи лиги.

Се вчитува...