Погба по крајот на сезоната заминува во Мадрид

Пол Погба ова лето ќе замине од Манчестер Јунајтед и ќе го засили Реал Мадрид како слободен играч, пренесува ЕСПН. Францускиот репрезентативец не е задоволен од состојбата на „Олд Трафорд“ и сака промена на средината по секоја цена со што шансите на „црвените ѓаволи“ да го задржат се минимални.

Интерес за 28-годишниот играч од средниот ред покажале и ПСЖ и Јувентус, но посакуваната дестинација е „кралскиот клуб“ каде во искусниот играч се гледа како замена за хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Погба во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ по четири години поминати во редовите на Јувентус, нo не успеа да го предводи англискиот клуб до доминација на „Островот“ и Европа. Од актуелната сезона пропушти поголем дел поради повреда па засега настапи на само 13 натпревари во „црвениот“ дрес.

Се вчитува...