Погба побарал огромни 28 милиони евра плата за да заигра за Реал Мадрид

Францускиот интернационалец Пол Погба упатил неверојатни барања до раководството на Реал Мадрид уште при почетните преговори за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Тој побарал годишна плата од 28 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од најскапоплатениот фудбалер на „кралевите“ во овој момент.

Велшанецот Герет Бејл со 15 милиони евра годишно заработува најмногу во составот на Реал Мадрид оваа сезона, а капитенот Серхио Рамос има годишна плата од 11,8 милиони евра. Пол Погба во моментот на „Олд Трафорд“ заработува 17 милиони евра годишно.

Енормното барање на Погба најверојатно ќе го оддалечи Французинот од можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

Се вчитува...