Погба промаши пенал, Јунајтед само до бод на гостувањето кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон одиграа без победник 1-1 во последниот натпревар од второто коло во англиската Премиер-лига. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Антони Марсијал во 27. минута.во

Второто полувреме подобро го отворија домаќините, а одличната игра резултираше со неверојатниот погодок за израмнување (1-1) на Рубен Невес во 55. минута. Во 68. минута беше направен пенал откако во шеснаесетникот на Вулверхемптон беше фаулиран Пол Погба. Погба ја презеде одговорноста, но не успеа да го реализира пеналот.

По два одиграни натпревари Манчестер Јунајтед се наоѓа на четвртата позиција на првенствената табела со 4 бода, додека Вулверхемптон е 13. со два бода.

Се вчитува...