ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ИСТОРИСКИОТ ПРВ ГОЛ: Распали од 30 метри од слободен удар (ВИДЕО)

Фудбалерите од Зеленортските острови постигнаа историски, прв гол на светските првенства во натпреварот од 2. коло од Групата Х против Уругвај.

Тие одиграа 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар обележан со пресврти и драматична завршница. Во 21-та минута од натпреварот, Капе Верде поведе, а стрелец за историјата беше Кевин Пина.

Пина стана првиот стрелец на својата земја на светските првенства откако постигна гол од фантастичен слободен удар од 30 метри. Неговиот удар беше неодбранлив за уругвајскиот голман, со што ги испиша најубавите страници од фудбалската историја на својата земја.

Се вчитува...