Погледнете ја реакцијата на Роналдо кога сфати дека нема да изгледа совршено на телевизија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо одново се запиша во историјата на фудбалот откако со настапот против Исланд стигна до 200 натпревар за репрезентацијата, нешто што го нема направено ниеден фудбалер досега.

Португалскиот ас кој во моментот настапува во Саудиска Арабија по натпреварот го коментираше историскиот момент, но пред почетокот на интервјуто провери како изгледа на малиот екран. Тоа што го виде не му се допадна, па низ смеа му се обрати на камерманот.

„Не преблиску, ми се гледаат брчките“

Се вчитува...