Погреши, беше заменет па плачеше на клупата (ВИДЕО)

Николо Фаџоли беше директен кривец за поразот на Јувентус на гостувањето кај Сасуоло. Младиот фудбалер имаше лошо исфрлување на топката од шестнасетникот и истата заврши во нозете на Дефрел кој немаше проблеми да ја затресе мрежата.

Лошата реакција му донесе и замена само две минути подоцна, а истото тешко му падна на 22-годишникот кој камерите го уловија како плаче на клупата.

Се вчитува...