„Покер“ за Пароло во триумфот на Лацио, Пандев и Џенова загубија дома

Лацио очекувано ја совлада последнопласираната Пескара на гости со убедливи 2-6, а човек на мечот беше Марко Пароло кој беше стрелец на четири гола. Во листата на стрелците за „лацијалите“ за запишаа и Кеита Балде и Чиро Имобиле, Паскара имаше сили за само едно полувреме. Во првиот дел погодија Бенали и Бругман, додека Цапрари не искористи удар од белата точка.

Горан Пандев беше стартер во тимот на Џенова и играше до 68.минута, кога на негово место во игра влезе Тарабт. Џенова загуби на домашен терен од Сасуоло со 0-1. Лоренцо Пелегрини во 26.минута од средбата беше стрелец на погодокот за Сасуоло.

Lorenzo Pellegrini Goal HD – Genoa 0-1 Sassuolo… by lifefootball

Аталанта го совлада Калјари со 2-0, со двата гола на Алехандро Гомез.

Резултати Италија: Аталанта – Калјари 2-0, Киево – Удинезе 0-0, Емполи – Торино 1-1, Џенова – Сасуоло 0-1, Пескара – Лацио 2-6.

Се вчитува...