Покетино: Ако ја освоиме Лигата на шампионите, би си заминал од Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино пресрет на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс, изјави дека доколку неговиот тим го освои елитното натпреварување, тој сериозно ќе размисли за својата иднина на клупата на лондонскиот тим.

„Ќе биде фантастично да ја освоиме Лигата на шампионите. Со тоа ќе го затворам петтогодишното поглавје на клупата и заминувам дома. Да се освои Лигата на шампионите во вакви околности, во ваква сезона, ќе биде неверојатно. Никој на почетокот не веруваше во нас. Затоа ќе морам да размислам за иднината. Да се повтори чудото е невозможно“, изјави Покетино.

Тотенхем вечерва на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, ќе има тешка задача да ја надополни негативата од 0-1 од првиот меч.

Се вчитува...