Покетино фаворит за клупата на Манчестер јунајтед

Само ден по разделбата со Челси, Маурисио Покетино е првиот кандидат за менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед според островските медиуми. Како што пренесува Сан, аргентинскиот стручњак нема долго да чека на нова работа и големи се шансите да се најде на кормилото на тимот од „Олд Трафорд“.

Одлуката е на раководството на Јунајтед и новиот косопственик Џим Ретклиф, кој мора да одлучи дали Ерик тен Хаг ќе остане на кормилото и во следната сезона. Кога станува збор за Манчестер Јунајтед, Покетино пред две години беше во кругот на кандидатите, тогашните членови на управниот одбор Џон Муртау и Ричард Арнолд разговараа со него, но сепак решија да му ја понудат работата на Ерик тен Хаг.

Сега се верува дека Џим Ретклиф е меѓу оние кои имаат најголема почит за неговата работа, но веројатно е дека одлуката дали да го повикаат ќе биде позната по финалето на ФА Купот на 25. мај кога Јунајтед игра против градскиот ривал Манчестер Сити на „Вембли“ и доколку не победи, нема да игра европски натпревари следната есен.

Се вчитува...