Покетино: Господе Боже, замислете да игравме и во Еворпа сезонава

Челси има нова сезона за заборав во која големиот број на повреди го спречија тимот предводен од Маурисио Покетино да го покаже својот квалитет.

„Сините“ по 30 одиграни натпревари во Премиерлигата се наоѓаат на деветтото место на табелата со 44 освоени бодови, а притоа се натпреваруваат само во англиските натпреварувања. А, што би било доколку имаа и интернационални средби, аргентинскиот стратег не сака ни да замисли.

„Замислете да игравме и во Европа оваа сезона со сите повреди? Господе Боже. Со тим во кој на секој натпревар имаме по осум до десет играчи кои не можат да настпат. Ако имавме уште повеќе натпревари многу повеќе ќе се мачевме“, изјави Покетино.

Се вчитува...