Покетино изненадува: Муса Дембеле е генијалец во фудбалот, исто како Марадона и Роналдињо

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, изненади со својата изјава за играчот на врска во својот тим, Муса Дембеле. Тој смета дека Дембеле е врвен фудбалски мајстор, ставајќи го во ист ранг со легендарни имиња како Диего Марадона и Роналдињо.

„Можеби ќе се изненадите. Но, јас мислам дека Муса Дембеле е фудбалски генијалец. Работи со мене неколку години и го гледам тоа на секој тренинг. Можам да кажам дека е во ист ранг со Диего Марадона, Роналдињо или Џеј Џеј Окоча. Неговата контрола на топката е неверојатна, а исто така и прегледот на играта во поле. Има само еден проблем, да биде „фит“ за секој натпревар“, изјави Покетино.

Тотенхем утре му гостува на Кристал Палас во рамките на Премиер – лигата.

Се вчитува...