Покетино: Лекарите не се виновни за Фертонген, само го следеа протоколот

Маурицио Покетино застана во одбрана на својот медицински тим по настанатиот хаос по повредата на Јан Фертонген, откако лекарите дадоа зелено светло дефанзивецот да се врати на терен по судир со главите со Алдерверелд. Фертонген неполна минута подоцна самиот побара да биде заменет, по што крај аут-линијата веќе не можеше да стои на нозе, предизвикувајќи бура од реакции кај јавноста која бараше одговорност од лекарите на „спарси“.

„Судијата ми се обрати на мене дека може да има последици, но враќањето на терен на Фертонген не беше моја одлука. Докторот реши, тоа беше негова одлука. Без оглед на случувањата, мислам дека не згреши, бидејќи постојат строги правила за вакви ситуации, а нашите доктори само го следеа протоколот. Јан велеше дека е добро и влезе назад на теренот. Штом покажа дека не може да продолжи, веднаш направивме замена“ – истакна Покетино.

Стратегот на „спарси“ воедно откри дека состојбата на Фертонген била значително подобрена по натпреварот, но и најави дека во следните денови врз белгискиот ас ќе бидат извршени дополнителни лекарски прегледи за да се утврди кога тој ќе може да се врати на терените.

Се вчитува...