Мбапе за својата иднина ќе одлучи по дуелите со Реал

Маурисо Покетино, тренерот на ПСЖ, ги коментираше шпекулациите дека Килијан Мбапе постигнал договор со Реал Мадрид. ПСЖ и Реал ќе се соочат во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Париз на 15-ти февруари.

Покетино истакна дека Мбапе својата конечна одлука ќе ја каже по дуелите со Реал Мадрид.

„Килијан ќе реши по дуелите со Реал во ЛШ. Во овој момент тој е фокусиран на ПСЖ, сака да направи што е можно подобри резултати со нашиот тим. Тој е голем професионалец. Сите го почитуваме. Јасно е дека тој решава каде ќе игра наредната сезона. Сепак тоа не го оптоварува да го дава максимумот во дресот на ПСЖ“, изјави Маурисио.

ПСЖ, вечерва, во Лига 1 ќе играат против Рен.

Се вчитува...