Покетино: Не сакам да бидам во врвот, сакам да ја освојам титулата

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино вели дека, иако од раководството на клубот ќе бидат задоволни доколку Тотенхем заврши меѓу четирите најдобри, тој смета дека сезонава ќе мора да освојат и некој трофеј.

„Ако ме прашате мене, нема да ја сметам успешна сезоната ако бидеме меѓу четирите најдобри во Премиер-лигата, иако на раководството тоа му е важно. Сакам да освоиме и некоја титула, Премиер-лига, Лига на шампиони, Лига куп или ФА куп“, изјави Покетино. 

 Тотенхем новата сезона во Премиер-лигата ја почнува со денешниот меч против Астон Вила.

Се вчитува...