Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се квалификуваше во нокаут фазата на Светското првенство.
Избраниците на Маурисио Покетино забележаа две победи против Парагвај (4-1) и Австралија (2-0) во групата, но синоќа во последниот натпревар од групната фаза загубија од елиминираната Турција со 3-2.
На прес-конференцијата по поразот, Покетино истакна дека атмосферата е како САД да се збогуваат со турнирот, а Турција да продолжува понатаму.
„Во моментов, никој не ни честиташе за првото место во нашата група. Им честитам на играчите, тренерскиот штаб и навивачите што завршивме први во многу тешка група. Нашата цел беше да завршиме први и завршивме први. Многу сум позитивен и среќен. Вашите прашања се малку чудни. Преовладува чувството како да сме елиминирани. Сега сме многу подобар тим од порано. Се квалификувавме како број еден и се пласиравме во следната рунда. Морам да ве потсетам дека ја освоивме групата“, изјави Покетино.
За потсетување, САД ќе игра против Босна и Херцеговина во нокаут фазата, а натпреварот ќе се одигра на 2 јули во Сан Франциско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
