Тотенхем и без помошта на Хари Кејн успеа да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи го англискиот првак Манчестер Сити. Еден од најзаслужните дефинитивно е Маурицио Покетино, стратегот кој одлично го склопи овој тим и го вади максимумот од секој фудбалер, дури и во ситуација кога дел од првотимците се повредени.
„Нормално дека сум пресреќен, но би лажел кога би рекол дека ова ми е најгорд момент во кариерата. Тоа е победата над Алмерија во Примера, кога успеавме да обезбедиме опстанок. Знам колку тоа им значеше на сите во Еспањол, па затоа и тој триумф останува мој најубав момент како тренер“ – изјави Покетино.
Стратегот на Тотенхем се соочува со нов проблем, бидејќи за првиот полуфинален натпревар против Ајакс нема да може да смета на суспендираниот Сон, кој синоќа постигна два гола во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА