Покетино по поразот од Ајакс: Уште сме живи!

Неверојатниот Ајакс е на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампионите откако синоќа во првата полуфинална пресметка славеше со 0-1 на гостувањето против Тотенхем.

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино по поразот призна дека погрешил со почетниот состав. Но, верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето.

„Можеби погрешив со почетниот состав, може тоа да го прифатам. Не сум среќен, не може да се игра вака. Начинот на кој го примивме голот е недопустлив, но најважно е дека го преживеавме второто полувреме. Се уште имаме шанси за финале“ – вели Покетино, и дополнува:

„Ајакс имаше повеќе енергија на теренот, за разлика од нас. Изгубивме, но мора да кажам дека тоа е само 0-1. Мора да веруваме во победа во Амстердам. Уште сме живи“.

Реванш натпреварот се игра на 8. мај. Ајакс, без сомнение, е во голема предност иако сите опции се отворени.

Се вчитува...