Тотенхем утре ќе го пречека Ајакс во првото полуфинале од Лигата на шампионите, најголемиот натпревар во досегашните кариери на двајцата стратези, Маурицио Покетино и Ерик тен Хаг. Притисокот е голем, па затоа не изненадува што двајцата почнаа со „психолошка војна“ за време на денешните прес-конференции.
„Никогаш нема да го користам тоа како изговор, но реалноста е дека Ајакс имаше цела недела да се подготви за ова полуфинале, додека ние во саботата игравме дерби со Вест хемм. Сигурен сум дека и во Ајакс не би била среќни ако ситуацијата беше обратна, најправедно ќе беше ако двата тима имаат исто време за подготовки“ – истакна Покетино.
Оваа изјава „на пенал“ ја дочека холандскиот стратег Тен Хаг, кој го потсети Аргентинецот дека нема право да се жали на распоредот во Премиер-лигата, од која неговиот клуб заработува премногу пари.
„И како сега јас да му помогнам на Покетино? Околностите во европскиот фудбал никогаш не се идентични. Да речеме, ние добиваме околу 10 милиони евра од ТВ-правата во Холандија, а Тотенхем од Премир-лигата зеде околу 200 милиони. И што е овде неправедно? Околностите се такви какви што се, се е неважно, освен борбата на теренот и конечниот резултат“ – порача Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА