Покетино се враќа во ПСЖ како тренер?

Елиминацијата на ПСЖ во раната фаза во Лигата на шампиони речиси да му ја одреди судбината на Унаи Емери, ниту тројна круна во Франција нема да го спаси шпанскиот стратег да остане на клупата на „светците“. Нови кандидати за „жешкото“ столче се појавуваат секој ден, засега четворица конкурираат, повик чекаат Симеоне, Мурињо и Конте, но, според денешните информации од Англија, предводникот на Тотенхем, Маурицио Покетино е фаворит за преземање на кормилото.

Покетино го снајде иста судбина како Емери, со својот Тотенхем претрпе елиминација уште во осминафиналето од европскиот клупски шампионат и во оваа сезона ќе остане без одличје, па така раководството на „светците“ смета дека амбициите на клубот ќе го убедат аргентинскиот стратег да се врати на „Паркот на принцовите“, откако во минатото ги бранеше боите на ПСЖ.

Она што го прави фаворит за работното место во ПСЖ е неговата филозофија, односно тактика која ја применува со „петлите“. Покетино е љубител на офанзивен фудбал и таква игра форсира уште откако првпат седна на клупата на клубот од Лондон, а носејќи позитивни резултати ги придоби симпатиите на навивачите.

Покетино две години го носеше дресот на ПСЖ, од 2001 година до 2003 година одигра вкупно 89 натпревари на кои постигна шест гола, пред да се пресели во редовите на Бордо.

Се вчитува...